ДЕЛ ОД СОВЕТНИЦИТЕ СЕ ЗБОГУВААТ СО ПОЗИЦИИТЕ
Foto

ДЕЛ ОД СОВЕТНИЦИТЕ СЕ ЗБОГУВААТ СО ПОЗИЦИИТЕ

Заев остана без посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство. Советничката Ленче Николовска си дала оставка на 1 ноември и неа повеќе ја нема на списокот на вработени во кабинетот на Заев што е обновен и прикачен вчера на владината веб страница. Николовска за телевизија 24 вели дека на нејзино барање, а во договор со премиерот ја напуштила советничката позиција и преку личен проект ќе им помага на земјоделците.

Премиерот пак вели дека Николовска со новата работа ќе добиела шанса за поголема заработувачка. А од друга страна ќе се скрателе буџетските трошоци. Освен Николовска, советничката позиција ја напуштил и Мерсел Билали.

Сега веќе бившиот советник, пак, во телефонски разговор ни рече дека неговата ќерка е вработена пред година и половина во Министерството за култура. Неговото заминување, тврди Билали, не е поврзано со вработувањето на ќерка му, туку дека ја откажал советничката позиција поради презафатеност.

Од Владата демантираа дека си отишле и други 17 вработени, меѓу кои имало и лица од повисоките владини структури. Без Николовска Заев сега во неговиот кабинет има вработено 13 посебни советници, 11 советници и уште 11 државни советници, вкупно 35. Дополнително, според последните информации од мај годинава, премиерот има и 39 надворешни советници.

Заев заминува од премиерската позиција на 3 јануари. Согласно договорот за предвремени парламентарни избори на негово место ќе дојде технички премиер од редовите на СДСМ.

0 Коментари

Остави коментари