Дел од родителите бараат наставата во второто полугодие да продолжи онлајн
Второто полугодие децата да го започнат од дома, онлајн, а не да одат во училиште бараат група на граѓани од движењето „ Поддршка за онлајн настава“. Сметаат дека состојбата со КОВИД 19 е влошена па поради тоа бараат од Министерство за здравство и Министерство за образование да донесат одлука за учениците второто полугодие да седат дома и онлајн да учат.
Од Министерство за образование велат дека се координираат со Министерство за здравство за тоа како ќе се одвива наставата во второто полугодие.
„Министерството за образование и наука ќе се координира со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести околу одлуката за начинот на кој ќе продолжи да се организира наставата во второто полугодие од учебната 2021-2022 година, за што јавноста навремено ќе биде известена.“ - велат од МОН.
Од здравство пак велат дека Комисијата за заразни болести ќе има состанок по што ќе кажат каква ќе биде одлуката.
„ Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок утре, секој кој се обратил до Комисијата со соодветно барање добил одговор. За што ќе се разговара на утрешниот состанок и кои ќе бидат заклучоците од состанокот јавноста ќе биде информирана по завршувањето на состанокот. “- велат од Министерството за здравство.
Со почетокот на пандемијата еден дел од образованието најголем број ученици го поминаа преку учење од далечина но откако се подобри состојбата со ковид следеше одлука за враќање на учениците со физичко присуство пред училишните клупи, сега група граѓани бараат онлајн настава, каква ќе биде одлуката на надлежните ќе треба да се знае пред почетокот на второто полугодие.