Дел од пекарите повторно ги поскапеа лебот и печивата
Едно семејство во Македонија троши една минимална плата само за основните прехранбени поризводи. Додека цените постојано растат и животниот стандард се намалува, останатите потреби на граѓаните стануваат луксуз.
Лебот и белите пецива се повторно на удар. Граѓаните алармираат дека од ден на ден цените растат а квалитетот се намалува. Ако еден геврек вчера бил 20 денари и тежел 100 грама, денеска еден геврек е 25 денари и тежи 80 грама. Велат дека со тоа дополнително се оптеретува домашниот буџет бидејќи секојдневно треба да прават нови пресметки.
Покачени се секако и пецивата бели и слично. И нме само што се покачени во цените туку и во грамажата се намалени. Гевреците се намалени повеќе а качени се од 20 на 25 денари, значи двојно земање од џебот на граѓаните, велат граѓани за ТВ24.
Покачени се зависи од фирмата. Не се симнати. Од една продавница до друга има разлика во цените, велат граѓани за ТВ24.
Се покачуваат ама скришно. Не нормално покачување како што имаше кога ние растевме. Денеска одиш си купил 50 денари е а утре 55 денари. Никој не ти кажува нит знаеш нешто. Си ги покачуваат како што тие сакаат, велат граѓани за ТВ24.
За покачувањето на цените на лебот и белите пецива Телевизија 24 проба да ги контактира и претставниците од мелничко пекарската индустрија и сојузот на стопански комори но ниту еден од нив не сакаше да даде изјава.
Од Сојузот на Синдикатите на Македонија пак, за Телевизија 24 велат дека и во месец април е забележано покачување на синдикалната кошница. Според нив, најголем раст има кај храната и основите прехранбени производи. Нивните анализи покажале и дека животот од пред 5 години па се до денес е поскап за 103%.
Иван Пешевски: Последните податоци за жал велат дека скоро 69 000 денари без изнајмен стан под кирија е синдикалната кошница за покривање на најосновните животни потреби на едно четири члено семејство ако споредиме наназад со години и ако ги споредиме мерките то биле преземени од двете влади, нашата анализа што ја направивме за 5 години покажува дека животот е поскап за точно 103% што е многу ако се спореди порастот на минималната и просечната плата низ овие години. Остануваме на ставот дека за овие цени кои ги имаме, минимална плата треба да е 600 евра уште вчера а не уште утре но од другата страна некако се и неми и глуви и работодавачите и претставниците на власт и не донесоа такво законско решение во март.
Претходно, министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека нема основа да се реагира во однос на цените по маркетите се додека не биде утврдено дека маркетите ги зголемуваат маржите. Најави дека периодов ќе има засилени контроли по маркетите кои допрва ќе треба да покажат дали и какви мерки ќе бидат донесени.

