Дел од граѓаните со порака до Шилегов: Не ја чепкајте Универзална сала

Мнозинството граѓани е против уривање на Универзалната сала во Скопје сиболот на скопската и македонска ументост и култура откако вчера градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вестите на ТВ 24 изјави дека можни се три решенија за салата.

Првата е таа да се урне и да се изгради нов објект на постојната локација. Втората е уривање со дислокација и третата, за која што се залага и самиот Шилегов е реставрација на постојниот објект и изградба на нов културен центар на друга локација која што ќе биде дополнително определена. 

А Јелена Жугиќ, советник во Советот на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ денеска го праша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, дали зад уривањето на Универзална сала се кријат бизнис-интереси. 

Шилегов пак вели дека одлука што ќе се прави со Универзала сала се' уште нема и дека тоа што го зборува ВМРО-ДПМНЕ е лага. Шилегов најави можност за одржување на референдум доколку не се постигне консензус околу едно идејно решение. 

Универзалната сала е изградена како симбол на солидарноста по катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година со донации од повеќе земји низ светот. Во употреба беше пуштена во јануари 1966 година, но поради пропаѓање, веќе 5 години е затворена и нема никаква функција.