Дел од административците членови на УПОЗ од денеска почнаа 30 минутен протест со барање за 30% додаток на плата

Дел од вработените во државната администрација од денеска секој ден ќе протестираат по половина час пред работните места. Велат дека протестите ќе траат додека владата не го исполни нивното барање за 30 отсто повисока плата.

Вработените во државното правобранителство пак се веќе неколку дена во штрајк со истото барање за 30 посто покачување на платата. Во меѓувреме, според УПОЗ, овие вработени се соочиле и со решенија со кои им се намалува платата за 40 отсто.  

Од Влада потенцираат барањето на УПОЗ за зголемување на платите во моментов е надвор од можностите на буџетот и повикаа на дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет. Велат дека зад чекорот на УПОЗ стои политичка мотивираност и дека истиот синдикат е продолжена рака на партиите кои ги злоупотребуавле работниците и потсетија дека не е испочитуван Законот за работни односи. 

Од СДСМ велат дека го поддржува револтот на работниците во јавниот сектор и ги смета нивните барања за покачување на платите за целосно оправдани. Според СДСМ. Владата има обврска да обезбеди услови за потпишување на колективните договори и да работи на подобрување на стандардот на работниците.