„Декриминализација сега“ е кампањата на здружението „Билка“ - чија цел е легализација на канабисот
Foto

„Декриминализација сега“ е кампањата на здружението „Билка“ - чија цел е легализација на канабисот

Здружението за зелени политики „Билка“ го започна вториот дел од кампањата насловена „Декриминализација сега“ во која личности од јавниот живот на Македонија изнесуваат научно потврдени факти за бенефитите од употребата на канабисот, и ја даваат нивната поддршка за декриминализација на оваа билка во Македонија. Од здружението истакнаа дека течат последните подготовки за нивните предлог законски измени поврзани со декриминализација на канабисот во нашата земја.

Марко Маринковиќ – Слаткар е дел од уметниците кои ги поддржуваат политиките на „Билка“ и се вклучи во кампањата. Истакна дека му е чест што симболично тој е официјално 18тиот член на здружението, а преку оваа кампања ќе има прилика популарноста која ја ужива во Македонската јавност па и пошироко да ја искористи за едукација на јавноста за бенефитите од медицинска и рекреативна употребата на канабис. На денешната прес конференција беше промовирана и новата песна и видео запис на Слаткаристика насловена „Амстердам“, на која работеше заедно со неговиот веќе проверен тим: Иван Јованов и Огнен Шапковски.

Неговото последно видео за песната „Терориста“ беше нај гледано македонско музичко видео во изминатата година со повеќе од 11 милиони прегледи на youtube, a очекувањата на тимот се „Амстердам“ да постигне уште поголем успех и да ги надмине овие бројки.

0 Коментари

Остави коментари