Декларација за Гоце Делчев
Декларацијата за Гоце Делчев „падна“ на Комицијата за надворешни работи, власта не даде „зелено светло“, а опозицијата ги обвини за антидржавно однесување.
Пратениците на СДСМ и ДУИ кои минатата недела станаа од столчињата и ја напуштија седницата за гласање на Декларацијата за Гоце Делечв, денеска решија да кренат рака, но ПРОТИВ.
Откако документот за великанот, беше отфрлен и заврши неславно, препукувањата и несогласувањата меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ продолжија и надвор од собранискиот дом. За лидерот на опозицијата Мицкоски, неприфаќањето на декларацијата е знак дека власта тргува со националните интереси.
- Ако се договорени шверцерски со Бугарија, тоа треба јасно да го кажат уште сега, а идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ таков договор нема намера да почитува. Спремен сум да ја премостам секоја разлика, само Владата да ги заштити националните интереси, ако веќе не ги распродала, и таа врата за овие прашања е секогаш широко отворена. - изјави Христијан Мицкоски ВМРО -ДПМНЕ.
СДСМ пак обвини дека декларацијата е политичко подметнување и побараа оставка од Милошоски од пратеничката функција, оценувајќи дека тој глуми „загрижен патриот“ . Според нив, декларацијата е испратена дури и на погрешна адреса, па место на пленарна седница се разгледува во комисијата за надворешни работи.
- Ни пречи што со декларација сакаме да се враќаме назад, она што ние веќе го имаме за Гоце во нашата химна, во именувањето на улици, училишта во празнувањето на Гоце Делчев и почитта кон него значи враќање назад, а не напред. изјави Жаклина Лазаревска СДСМ.
А преговорите меѓу Скопје и Софија продолжуваат. Засега фокусот на бугарската влада е вметнување на Бугарите во Македонскиот устав, но јасно е и дека отстапки од Софија за идентитетските прашања засега нема.
Шефицата на бугарската дипломатија Генчовска се изјасни дека бугарската влада останува на декларацијата од 2019та година во која се спори јазикот. Следната рунда политички преговори на експертско ниво се очекува да се случи по 20ти февруари, а истата ќе се оддржи во Скопје.

