Дејвид Гета во Скопје за 35 години независност на Македонија
Славниот француски диџеј, продуцент и хитмејкер Дејвид Гета по 10 години се враќа со настап во Македонија, за прославата на 35 години независност, објави со досега невидена гордост и задоволство, Бобан Милошески од „Авалон“, кој ќе го реализира концертот во соработка со Владата. Настаните од прославата ќе се одржуваат од 8 август до 8 септември, кога на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје ќе настапи Дејвид Гета.
Како главна ѕвезда на прославата, и по негово барање, на денешниот прес во Скопје, само тој беше најавен од изведувачите, а во наредниот период ќе бидат најавени уште два светски настани за прославата , и други 120 учесници од Македонија кои ќе ја збогатат програмата за државниот јубилеј, не само во Скопје, туку и низ државата. Не беше објавен хонорарот за неговиот настап, на новинарско прашање, ама ќе биде помал од настапите ширум светот.
„Нашата цел е ова одбележување да има и државничка тежина, современ културен и продукциски пристап, но и меѓународна препознатливост, истакна денес, портпаролката на Владата, Марија Митева.

