Дејан Георгиевски поразен во 2. Коло на СП во таеквондо

Сребрениот олимпиец, Дејан Георгиевски е  елиминиран по првата своја борба на Светското таеквондо првенство што се одржува во Баку.

Во силната конкуренција на најдобрите планетарни борци во овој спорт, Георгиевски кој беше рангиран како шести носител, во првото коло беше слободен.

Во првиот свој настап односно 1/16-финалната рунда Георгиевски за противник го имаше Авганистанецот, Али Албар Амири.