Децата од предшколска и од школска возраст во пет градови во државава дишат загаден воздух

Во училиштата и градинките, децата дишат загаден воздух со повишена концентрација на ПМ 2,5 честици преку целата година.

Во загадениот воздух ПМ честиците се над границата од 25 микрограми на кубен метар и изнесуваат од 40 до 80 микрограми, што влијае врз детскиот психофизички развој и ја намалува нивната продуктивност и концентрација додека учат, покажуваат наодите од истражувањето на воздухот во училишта од Кавадарци, Куманово, Струга, Струмица и Гостивар.

Иако во лето внатрешниот воздух е позагаден отколку во зимскиот период, во зима тој преставува поголем проблем за децата бидејќи тие поголемиот дел од времето го поминуваат внатре. Градинките да ги искористат блок дотациите кои министерството ги дава за да си набават прочистувачи на воздухот, вели заменик-министерот на министерството за труд, социјала и млади, Ѓоко Велковски. 

Таравари и Јаневска најавија поголема енергетска ефикасност за болниците и училиштата, како и промена на начинот на кој тие се греат. 

Додека ректорот на УГД Мираковски препорачува дека со загаденоста на внатрешниот воздух ќе помогне доколку учениците си носат друга облека и обувки само за во училиште а училниците се пребришуваат со мокра крпа, град Скопје повторно со анти-рекорд по најзагаден амбиентален воздух во Европа но и светот. 

Проценките се дека на годишно ниво во Македонија околу 3,400 луѓе како и секое деветто новороденче починуваат од аерозагадување. Пред еден месец, со одлука на Врховниот суд, граѓаните веќе можат да ја тужат државата доколку таа не обезбеди чиста животна средина и не доставува ажурирани податоци за квалитетот на амбиенталниот воздух.