Деца изложени на ризик може да станат невидливи жртви на пандемијата
И покрај мерките на владата да се амортизира социо-економското влијание на пандемијата на ковид-19, се проценува дека дополнителни 16.000 деца во Северна Македонија живеат под прагот на сиромаштијата.
Се повеќе има пријави за деца што се жртви на семејно насилство, а голем број деца се во ризик уште повеќе да заостанат со учењето поради пандемијата. Ваквите проценки се потпираат на анализата на истражувачите во студијата „социјалните и економски ефекти од ковид-19 врз децата во Северна Македонија“ што денеска ја презентираа уницеф во партнерство со Фајнанс тинк и УСАИД.
Според и звештаите, домашното насилство се зголемило за време на забраните на движење и полициските часови, а речиси 10 проценти од жртвите се деца. Исто така, се проценува дека релативната стапка на детска сиромаштија ќе се зголеми од 29,3 на 33,3 проценти.