Дебатата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ
Национален консензус и политичка воља е она што и е потребно на земјата на патот кон нејзините евроинтеграции . Иако ваквите ставови беа изнесени на Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ сепак ги подели повторно политичките партии околу стратегијата и патот кој земјата го оди откако опозицискиот лидер Венко Филипче посочи дека со ваква актуелна влада и премиер кој како што вели не му се брза на патот кон ЕУ - смета дека европската перспектива на земјата е се по неизвесна .
Од опозициската ВМРО ДПМНЕ пак реториката на Филипче ја оценија како политиканство и обиди за политичко поентирање иако како што рече пратеничката Ели Панова оваа влада работи на реформската агенда но неопходно е постигнување на национален консензус за националните интереси .
Сомнеж во евроинтегративните процеси на земјата со актуелната владина консталација на дискусијата изрази и поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи кој изнесе свои забелешки за тоа како македонската дипломатија со сите актуелни настани се снаоѓа на европскиот пат .
Дека земјата има стратегија е неспорно но дека таа стратегија се движи многу споро а тоа се гледа и по реформските закони кои бавно стигаат посочи и поранешната пратеничка но и генерален секретар на собранието Цветанка Иванова .
И додека Црна Гора и Албанија се чекор по блиску до остварување на европскиот сон - Македонија и натаму останува заглавена поради протоколот но и барањата за уставни измени и вметнување на бугарите во него а и во своите последни изјави кои ги даваше премиерот укажуваше на тоа дека нема намера да отстапи и да пристапи кон промена на уставот без јасни гаранции и по цена да се чека со децении .

