Дебатата за македонското коспонзорство на американската резолуција за Украина денеска се префрли во законодавниот дом
Кој е за, а кој против ЕУ? Гласањето водржани на Македонија за резолуциите за Украина ги скара власта и опозицијата на пратеничките прашања, откако денеска пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска го праша премиерот за тоа каде се позиционира земјата во светска но и гео политиката.
Премиерот Мицкоски пак возврати дека ова е најправилната одлука која македонската влада до сега ја направила и дека како што рече после него и другите лидери ќе застанеле во редот.
Не изостанаа ниту расправите околу законот за бранители. Откако Левица повторно ја актуелизираа темата. Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија дека во безидејност и купување на време Левица се обидува да ја дефокусира јавноста откако пратеникот Сашко Јанчев ги праша парламентарното мнозинство што ќе направат за Законот за бранители откако остана заглавен во собраниските лавиринти, а од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија дали воопшто пратениците на Левица служеле воен рок кога веќе толку се залагаат за бранителите.
На седницата не изостанаа ниту прашањата и конфронтирањата меѓу партиите од албанскиот политички блок откако ДУИ повторно од говорница ја актуелизираа темата со вработувањата на адреса на вицепремиерот Изет Меџити иако одговори и на нивните прашања даваше премиерот Мицкоски. Последниот четврток од месецот секогаш е разервиран за седницата за пратенички прашања.