Дебата за новите заменици министри во Собранието
Foto

Дебата за новите заменици министри во Собранието

Изборот на замениците министри во собранието ги скара власта и опозицијата.

Откако седницата која беше првично најавена за претпладнето доцнеше скоро 3 часа, по експозето и имињата кои премиерот Заев ги изнесе пред народните избраници, опозиционерите од говорницата возвратија дека нема да ги гласаат замениците, бидејќи за најголем дел од нив немаат доволно информации, а за оние кои што ги имаат и се веќе познати на јавноста велат кореспондирале со старо новиот владин состав кој во изминатите години владеење наместо напред, ја вратил земјата назад.

Од тие причини од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека нема да дадат подршка за овој состав.

По оваа седница она кое што следи престојниот период е и изборот на третиот ешалон на директори и функционери, во другите институции, агенции и директорати. На денешната собраниска седница исто така беше констатирана и оставката на пратеникот Дамјан Манчевски.

0 Коментари

Остави коментари