Дебата во СТУДИО 10: Пратеничките Колева и Пешевска се согласија само во тоа дека има апатија кај избирачите
Ние сме веќе влезени во предизборна кампања во кога разговараме со граѓаните за нивните потреби, а вчера беше договорено и дека по изборите ќе има линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Даниела Колева, пратеничка од СДСМ вели дека владејачката партија е во постојани средби со граѓаните и смета дека резултатите што ги постигнале досега, а тоа е 90 отсто реализација на предизборната програма, се од големо значење на граѓаните.
Пешевска вели дека власта нема ништо направено од ветеното и дека ниту еден проект не е спроведен, на што Колева вели дека е изградена градинка од МТСП во секоја општина.
Според Пешевска, време е ДУИ малку да замине во опозиција и дека по низата скандали и криминали во државата не заслужува да има премиер. На ова Колева од СДСМ потсетува зошто воопшто е направена пржинската влада - оти беше резултат од невидениот инцидент со прислушувањето.
- Најголемата криза во државата е ВМРО-ДПМНЕ, вели Колева, и тоа го образложува со тоа што пратениците од опозициската партија ги блокираат сите закони. На ова Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ создава заробена држава со тоа што опозициски пратеници останувале заклучени пред собраниската сала.
Пешевска и Колева се судрија околу тоа кој е близок со Левица, при што пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Зоран Заев признал дека го плаќал Апасиев да го урива ВМРО-ДПМНЕ и дека СДСМ и Левица соработуваат на локално ниво. Пратеничката од СДСМ, пак, обвини дека коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја води државата подалеку од ЕУ.
- На граѓаните им е преку глава од вакви дебати и на медиумите и во Собранието и нормално е да бидат апатични. Ние треба да се фокусираме на овој момент. Да престанеме да се девалвираме и да се свртиме на позитивна кампања што ќе се направи во иднина во државата, вели Пешевска.
Колевска од СДСМ вели дека секогаш биле конзистентни и дека нивната партија секогаш била насочена кон европските интеграции.
- Влегувањето во Европа е добро и за граѓаните и за бизнисите, но не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ е насочено кон Европа, вели Колева.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги изместија насоките на преговорите преку договорот со Бугарија и ѝ нанесоа штета на Македонија која ја препознаваат и во европските земји.