Дебата во „Отворено 24“: Како да се контролира растечката инфлација, имаат ли мерките ефект?
Минималната плата порасна, потрошувачката кошничка уште повеќе. Дали оваа трка на платите со цените води кон поквалитетен живот. Тешко се врзува крај со крај, реагираат работниците, реагира и бизнисот, а од Владата уверуваат дека стасуваат до испорачаните ветувања. Но дали тие се реални во услови на растечка инфлација и колку новите мерки ке придонесат таа да се заузда.
Во Отворено на ТВ 24 аргументите ги спротивставија министерката за труд и социјала Јована Тренчовска, синдикалецот Иван Пешевски и Ангел Димитров од бизнис секторот.