Дебата во 24 ОТВОРЕНО: Потребна е експертска влада, власта не може да се справи со сите кризи

Во демократијата никогаш не се бара од опозицијата да ги реши проблемите и да ѝ направи мнозинство на владејачката партија, коментира Имер Селмани во емисијата 24 Отворено коментирајќи дека тоа што Христијан Мицкоски денес појде во Владата да разговара со премиерот Димитар Ковачевски е чин за поздравување.

-Од разговор, нема штета. Ќе чекаме да видиме дали ќе најдат гас да ја поминеме зимата и дали ќе поминат законите во Собранието. Не можеме да очекуваме опозицијата да обезбеди кворум во Собранието, вели Селмани.

Самоил Малчевски и Абдулади Вејсели се согласуваат дека власта не може да ги реши проблемите поради задоволување лични интереси. Малчевски предлага дека формирање експертска влада можеби би била добро решение оти опозицијата имаше и неколку добри предлози кои позицијата ги отфрли. Според него, потребно е меѓусебно почитување.