Дебата: Украинската војна, екстремен епилог од вечното “докажување“ меѓу Западот и Истокот

Наследството од античката филозофија како мост меѓу исток и запад како и предизвиците од украинската војна е главното тежиште на тридневниот седми по ред меѓународен дијалог „Ист-Вест“.

Филозофијата како пацифистичка наука, се залага за мирно и низ пат на дијалог надминување на војната. За да расте интелектуално и да остане културно релевантна, филозофијата мора да го врати својот оригинален космополитски идеал.

Тема која предизвика огромно внимание е темата за тоа дека Грците ја позајмиле античката филозофија од Египет, Персија и Индија. Дијалогот „Ист Вест“ го организираа МАНУ, Меѓународниот славјански Универзитет, Филозофскиот факултет и филозовското друштво