Дебата: Корупција во постапките за издавање на дозволи и лиценци за превоз
Foto

Дебата: Корупција во постапките за издавање на дозволи и лиценци за превоз

Ризикот од корупција при издавање на одобренија, решенија, лиценци и дозволи во областа на транспортот и спроведување на надзор, тема на дебата во организација на антикорупциска комисија.

Повеќе од 3 часа дискутираа преставници на власта, превозници и невладини организации. Генералниот заклучок беше дека постои системска корупција во која најголем дел е како резултат на злоупотреба на службената положба. Транспортерите со укажувања на можни ризици од корупција но и барања за подобрувања на состојбата со транспортерите како учесници во домашниот и меѓународиот транспорт.  

Поранешниот судија, Владимир Туфегџиќ посочи дека тие коишто ја вршат корупцијата се луѓе кои совршено го анализирале системот. Директорот на државниот инспекторат за транспорт посочи дека постои ризик од корупција од страна на инспекторите пр вршење надзор.  

Министрите Оливер Спасовски и Благој Бочварски, како и в.д. Директорката на Царинска управа посочија дека приоритет ставаат на борбата против корупцијата.  

Антикорупциска посочи на доследност во спроведување на законите како и зголемување на свеста за намалување на корупцијата. Заклучоците од дебатата, порачаа, антикорупционерите ќе бидат доставени до сите надлежни институции.

0 Коментари

Остави коментари