Де Лихт - трет фудбалер на Јувентус позитивен на коронавирусот
Foto

Де Лихт - трет фудбалер на Јувентус позитивен на коронавирусот

Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус соопшти вечерва дека холандскиот дефанзивец Матис Де Лихт е заразен со коронавирус.

Тој е третиот фудбалер позитивен на Ковид-19 во редовите на Јувентус од почетокот на оваа недела, по Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.

Јувентус во моментов е четвртопласиран во Серија А со 30 бодови, седум помалку од лидерот Милан.

0 Коментари

Остави коментари