Де Брујне: Одлуката на управата да постават моја статуа, значи дека секогаш ќе бидам дел Сити
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, зборуваше за своите емоции поради одлуката на клубот да подигне статуа во негова чест во близина на нивниот стадион.
- Ова значи дека секогаш ќе бидам дел од овој клуб. Секогаш ќе бидам дел од него и секогаш кога ќе се вратам овде со моето семејство и пријателите, ќе се гледам себеси како стојам на стадионот. Секогаш ќе бидам тука, изјави Де Брујне, за „Би-би-си“.
„Граѓаните“ синоќа го победија Борнмаут на домашен терен (3:1) во 37. коло од Премиер лигата. Триесет и тригодишниот Белгиец го одигра последниот домашен натпревар за тимот во Премиер лигата.
Де Брујне во април соопшти дека ќе го напушти Сити на крајот од сезоната.
Договорот на Де Брујне со Манчестер Сити истекува на 30 јуни 2025 година. Тој досега одигра 421 натпревар, постигна 108 гола и 177 асистенции.