Давидовиќ за ТВ 24: Кај нас нема политичари со доблест, туку политиканти
Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата 24 анализа рече дека тука немаме доблест на политичарите каде ќе ја поднесе одговорноста, без оглед што нема директно учество.
- Тој е одговоренза нефункционирање на неговото министерство и најмалку што може е да понуди оставака и сите наредни министри, негови наследници да ја имаат истата обврска. Тоа станува систем и правило како треба да се однесува еден политичар. Кај нас таков ситем на политичари нема, зошто се политиканти, а не политичари. - рече Давидовиќ.

