Даскаловски за ТВ 24: Секоја убедлива победа на Силјановска Давкова во однос на Пендаровски ќе биде демотивирачки за Пендаровски и симпатизерите на СДСМ
Жидас Даскаловски универзитерски професор во емисијата 24 анализа рече дека се следат јтрендови на јавното мислење. Смета дека убедлива победа ќе има Силјановска Давкова и тоа би било демотивирачки за власта.
- Во првиот круг ќе води Гордана Силјановска Давкова, а втор ќе биде Стево Пендаровски во однос на претседателските избори, а трето би бил Османи, четврто Таравари и понатаму Димитриевски, Ванковска и Јакимовски. Тоа може да го пнаправиме да ги коментираме на анкетите на јавното мислење. Редоследот е јасен, она што не е одредено е разликата меѓу првиот и второпласираниот. Секоја убедлива победа на Силјановска Давкова во однос на Пендаровски ќе биде демотивирачки за Пендаровски и симпатизерите на СДСМ кои ионака гледаат во каква беззилезна состојба е партијата и земјата со владеењето на коалицијата СДСМ-ДУИ. Ако разликата биде помала, тогаш ќе биде неизвесна трка и на парламентарните избори. - вели Даскаловски.