Даскаловски си поднесе оставка од претседател на ОО на СДСМ во Струмица, в.д. прв човек Манев

Марјан Даскаловски претседателот на ОО СДСМ во Струмица и кандидат на СДСМ за градоначалник на Струмица, кој изгуби на локалните избори си поднел оставка . Според информациите на ТВ 24 оставката на претседателот на партијата Венко Филипче  му ја врачил на вчерашниот Конгрес на СДСМ.

На местото на Даскаловски  според истите информации во ОО СДСМ Струмица до избор на нов претседател, ќе го менува Лазар Манев актуелен советник во оваа општина. 

Даскаловски дека си поднел  оставката денеска објави и официјално.

"Почитувани сограѓани, сопартијци и пријатели. Сакам да ве информирам дека донесов одлука и поднесов оставка до претседателот на СДСМ, Венко Филипче да се повлечам од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица, порача Даскаловски 

Тој не ги пишува причините за оставката, но по поразот на последните избори според информациите на ТВ 24 на партиските состаноци,  ставот му бил дека секој треба да се преземе одговорност за поразот.

Даскаловски беше претседател на ОО на СДСМ пет мандати и четири мандати претседател на Совет, беше и пратеник во еден мандат.

Даскаловски ја предводеше и ОО на СДСМ и Советот, кога оваа општина важеше за бастион на СДСМ.

На локалните избори лани, кога СДСМ и Венко Филипче го доживеаа историски најголемиот пораз од постоењето на партијата, Даскаловски изгуби во Струмица во првиот изборен круг.