Даштевски: Јас сум „најнепартиски“ од сите во новиот состав на ДИК
Партиската поддршка завршува со избор на членовите на ДИК, потоа сите мора да постапуваат согласно со уставот и со законите. Јас сум, практично, „најнепартиски“ од сите во ДИК, затоа што не сум формално член на ниту една партија - ова го изјави Александар Даштевски, кој на предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше избран во собранието за претседател на новиот состав на државната изборна комисија.
Во комисијата има уште тројца нови членови, како и тројца кои се реизбрани на функциите.
Членовите на ДИК дадоа свечени изјави во Собранието, по што Даштевски најави дека в понеделник ќе се соберат на прва седница и ќе го договорат начинот на работа во наредниот период.
Ппрвиот предизвик на новиот состав на комисијата е организирање на локалните избори што треба да се одржат наесен.