Дарио ќе одбележи 40 години музичка кариера со концерт во Филхармонијата

Дарио Панковски ќе одбележи 40 години музичка кариера со ексклузивен концерт во Филхармонијата на 17 февруари. Концертот го организира „Авалон продукција“ во рамките на својот тридецениски јубилеј.

Дарио ќе го придружува неговиот некогашен бенд „Миг-21“, со кој ги сними првите два албума во почетокот на 1990-ите. Еден од најпопуларните македонски поп пејачи, кој ја почна кариерата во групата „Бон-тон“, има објавено и четири соло албуми, како и еден во живо.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18ти јануари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од: 1.200 денари и ВИП 1.500 денари

Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии.