Данската министерка за европски прашања Бјере: Данска не може сама - ве молам зграпчете го моментот сега
Ние не можеме сами - ве молам, зграпчете го моментот. Ваква порака испрати данската министерка за европски прашања Мари Бјере од Скопје. Во пресрет на данското претседавање со Европската унија од 1ви јули, Бјере порача дека официјален Копенхаген ќе се заложи за проширувањето, дека со Албанија и Црна Гора е постигнат напредок, а Македонија треба да го зграпчи моментот и да преземе чекори како неопходните измени за членство во ЕУ.
Мари Бјере, министерката за европски прашања на Данска – Моментумот е тука, ве молам, зграпчете го моментот. Се разбира, ние како идно претседателство и секако за време на претседателството, не можеме да го туркаме ова сами. Мора да работиме конструктивно заедно, затоа сум тука. Да работам конструктивно заедно со Северна Македонија, за да видиме каде можеме да го постигнеме прогресот, затоа што ние не можеме тоа да го направиме сами. Треба прогрес да се направи и од страна на Северна Македонија, да се преземат чекорите кои се неопходните измени за да се придружите на ЕУ.
Муртезани побара да не се билатерализира и контаминира процесот за Македонија. На прашање каква реакција се очекува од официјална Софија во однос на Акцискиот план за малцинства, за кој премиерот вчера најави дека многу брзо ќе се најде на дневен ред, Муртезани одоговори
Орхан Муртезани министер за европски прашања 16 .54 – Трите патокази се испратени во Комисијата и се финализираат на дневна основа, преку онлајн состаноци со Комисијата. Се надевам наскоро, сите три патокази ќе бидат завршени, а со тоа технички Северна Македонија ќе биде спремна за отворање на кластерот – Основи.Што се однесува до Акцискиот план ( за малцинства), тоа што можам да споделам е дека испратен е во Советот на Европа, каде што треба да биде разгледан од страна на експерти. Се чека наскоро да добиеме одговор за нивни коментари, по што ќе треба да следи процедура за усвојување и формално испраќање до Комисијата.
Покрај уставните измени, според преговарачката рамка- членовите 34 и 35, Македонија мора да изготви патокази за владеење на право, реформа на јавна администрација и функционирање на демократските институции, како и Акциски план за малцинствата, истите треба да служат како почетни одредници во преговорите. Акцискиот план за малцинства, е документ која може да стане нова сопка меѓу Скопје и Софија на патот кон ЕУ.