Даночни реформи од први јануари
Прогресивниот данок се укинува - и од први јануари останува данокот на личен доход на 10 проценти. Се размислува да се воведе данок за екстра профити на компании кои за време на кризата оствариле натпросечни профити. Хонорарците ќе може доброволно да плаќаат придонеси, но од 2024 година откако ќе се направат законски измени и платформа за фриленсери Ова се само дел од новините во даночната реформа која треба да почне да се применува од први јануари. Како што објави и ТВ 24 нема да се оданочуваат каматите на штедните влогови, ниту реинвестираната добивка,Нема нови даноци, ниту повиски стапки, туку само ревидирање на даночните ослободувања и прошируѕвање на даночната основа, кажа премиерот.
Покрај за платата во менаџерските договори ќе се плаќа данок на личен доход и за менаџерските бенефиции како тие за стан, возило, стипендии за деца. Кај Данокот на додадена вредност останува повластената ставка од 5 проценти за храната, но со 10 проценти ќе се даночат луксузни производи. Во повластена стапка од 5 проценти ДДВ пак ќе влезат средствата за менструална хигиена.
Бесими најави дека се размислува за воведување еден или два викенди без ДДВ, попврзани со празници, во кои граѓаните ќе може да купуваат само прехранбените производи. Даночната реформа стартува од 1 јануари, а владата веќе испланира во буџцетот за наредната година од даночната реформа да се соберат над 70 милиони евра.