Даниловски: Ова не е театар, нека дојдат во Инфективна да видат како умираат болните од Ковид 19
Foto

Даниловски: Ова не е театар, нека дојдат во Инфективна да видат како умираат болните од Ковид 19

Епидемиологот Драган Даниловски во гостувањето на ТВ 24 им порача на оние кои не веруваат во коронавирусот да отидат во болница и да видат како изгледаат болните и како се умира од опасниот вирус.

„Сите оние што не веруваат, што мислат дека ова е некаков театар на светско ниво, глума, јас само ќе ги повикам нека појдат на Инфективна нека погледнат како изгледаат болните од Ковид 19 и како се умира од Ковид 19. Не сакам патетика да продавам, но тоа е тоа“ -  рече Даниловски.

Тој посочи дека потребно е време да се релаксираат мерките, да се види реакцијата по релаксирање на мерките, па потоа да се говори за масовни собири.

„Се ќе зависи од текот на настаните. Да се релаксираат мерките, да видиме како ќе се одвива работата со болеста во популацијата, па тек тогаш може да судиме. Пред крајот на мај мислам дека не можеме да очекуваме некакви показатели во оваа смисла“ - смета Даниловски.

0 Коментари

Остави коментари