Даниловски: Една од причините за зголемувањето на бројот на заболени е драстичното намалување на опфатот на вакцинација

Во тек е сезоната на настински и грип во која често има респиратно инфекции кои се проследени со кашлица. Но, големата кашлица е нешто што не може да се препознае, вели проф. Драган Даниловски.

„Тоа не е обично кашлање. Почнува со симптоми на обична настинка, но кога ќе почне кашлицата, во напади, тоа е нешто што може да го смисли само режисер на хорор филм. Тоа е толку драматично, толку страшно, потресно е да се биде сведок на таа кашлица. Детето не може да земе здив. Може да го загуби и животот заради задушување. Кашлање оди со рикање, тоа е толку драматично. Вакцините се сосема безбедни. Се создаде плодна почва за теории на заговор и тоа да не може да се искорени“ - вели за „Студио 10“ Даниловски.“