Даниловиќ од 0:4, до 6:4 во решавачкиот сет против Венус Вилијамс

Српската тенисерка Олга Даниловиќ успеа да избори пласман во второто коло на Австралија опен, откако со 2:1 во сетови (6:7(5); 6:3 и 6:4) ја совлада ветеранката Венус Вилијамс. Притоа Даниловиќ во решавачкиот сет направи пресврт од 0:4 во гемови стигна до 6:4 и го доби третиот сет и мечот.

Инаку, Американката Венус Вилијамс првиот сет го доби со 7:6 и 7:5 на поени, а Даниловиќ изедначи освојувајќи го вториот сет со 6:3 во гемови.

Пласман во следната рунда обезбеди првата носителка Арина Сабаленка, додека изненадување направи квалификантката од Турција Зејнеп Сонмеж (ВТА ранг 112.место), која ја елиминираше 11.та носителка Екатерина Александрова.