Даниеле Де Роси по 18 години ја напушта Рома
Foto

Даниеле Де Роси по 18 години ја напушта Рома

Даниеле де Роси по 18 години ќе го напушти италијанскиот клуб Рома, во кој ја помина целата своја фудбалска кариера.

Веста е потврдена и на официјалната страница на Рома, каде се вели дека договорот на Де Роси со „волчицата“ истекува на крајот на оваа сезона,  и дека истиот нема да биде продолжен.

Триесет и пет годишниот фудбалер е „дете“ на Рома, кој во „Олимпико“ дебитирал уште како тинејџер и од тогаш целата својата кариера ја поминал кај „волчицата“, иако во текот на неговата кариера имал многу понуди од големите европски клубови.

Во 18-те сезони поминати во Рома, Де Роси одигра 615 натпревари, постигна 63 голови и 54 асистенции. Има освоено два купа на Италија и еден трофеј во италијанскиот Супер куп. 

0 Коментари

Остави коментари