Даниела Димовска избрана за претседателка на Кривичниот суд во Скопје
Судски совет едногласно ја избра судијката Даниела Димовска за претседателка на скопскиот Кривичен суд. Противкандидат на Димовска беше судијата Ивица Стефановски. Членот на Советот, Ивица Николовски посочи дека за жал од 50 судии од судот кои ги исполнуваат условите за челната позиција, жално е што се пријавиле само двајца кандидати. Претседателот на Советот, Александар Камбовски посочи дека недозволиво е постапките да траат долго и треба да се изменат внатрешните акти, со цел пократко време за избор.
Александар Камбовски-претседател на Судски совет на РСМ: „Кај кандидатот Даниела Димовска, детектирав малку поразличен и друг вид на менаџирање на иституцијата. Се надевам дека ќе успее да го спроведе тоа што го зацртала во програмата. Ѝ честитам, посакувам успех. Трудот и долгогодишната работа на колегата Ивица Стефановски е детектирана и признаена од страна на овој Судски совет.“
Ивица Николовски-член на Судски совет на РСМ: „Очекувам и верувам дека и со овие скромн ресурси, човечки и материјални, согласно судскиот деловник ќе носи рационални решенија и ќе го исористи максимално капацитетот-како до побрза, поефикасна правда.“
Советот укажа дека во иднина треба да се води сметка временото вршење претседател да не се претвори во фактичка предност на еден кандидат во однос на другите кандидати, затоа што изборот долго трае.
Сузана Јошевска-Анастасовска-член на Судски совет на РСМ: „Во дадениов случај, една година имаме вршител на дејност кој имал можност во рамките на таа година да ги покаже своите организациски, менаџерски и комуникациски капацитети. Навистина ги видовме од страна на вд претседателката, која сега е претседателка, но се поставува прашањето, при долгото траење на изборите дали кај другите кандидати се создава предност, во однос на другиот кандидат?“
Судијката Даниела Димовска во Кривичниот суд е од 2016 година. Таа ја донесе затворската пресуда на Стевче Јакимовски. Инаку во јавноста стана актуелна, откакао нејзиноиот брат стана еден од осомничените инспектори од УЈП во истрагата за „Пулс“ Кочани.

