Данев за „Студио 10“: ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа на овие избори

„Кога се оди на избори, се гледа приоритетот на граѓаните. Во сите анкети, приротитети на граѓаните се реформите, добар стандард, квалитетен живот, образование, здравство.. Ако го погледнете извештајот на ЕУ, сите тие конвергираат кон една цел, реформи. Рефомри кон подобар живот. Се наметнува едно прашање околу коалциониот капацитет на ВМРO-ДПМНЕ подолго време. За мене тоа е еден вештачки наратив. Овие 30 години се знае што е победник, кој е мандатар да составува влада.. тоа некако во последен период откако СДСМ со оној социолошки феномен да создава проблеми за да губи рејтинг, во јавноста прмовира еден капацитет дека ВМРО-ДПМНЕ не може да состави влада. Моја перцепција е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има сериозна убедлива победа на овие избори и ќе почне да го наоѓа решението кон пробив кон Европската Унија. Луѓето кои го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ се западно орентирани. Овие луѓе Македонија ја гледаат како членка на Европската Унија.“ - вели за „Студио 10“ Драган Данев.