Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата

Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата... Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во интервју за МИА Симеон Дамевски, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој годинава слави 45 години.