Дамева за Трилинг: Бараме простор за одговорност за судиите на Апелација кои постапуваа за Мијалков
Судскиот совет ќе испитува како целосно настапило застарување на постапката против екс директор на Царината Драган Даравелски, најавува претседателката Весна Дамева.
Дамева во интервју за Трилинг вели дека се испитува дали постои простор за одговорност кај судиите од Апелација кој го држеа предметот Таргет-Тврдина против екс шеф на тајната полиција Мијалков во фиока додавајќи дека мора да се детектира дали постоеле објективни причини.
Претседателката одговара за крупните судски постапки Титаник 2, Транспортер, Алфа.
Во вечерашното издание на Трилинг утрешниот дијалог Вучиќ-Курти како и рестартирањето на манифестацијата "Глумците пеат " ТВ магазинот почнува во 20.45.