Дамева: Оставката е личен чин и за неа треба да има оправдани причини
Дали членовите на судски совет би си поднеле оставка доколку им биде изгласана недоверба во собрание, по поднесување интерпелација за нив од пратеничкото мнозинство до законодавниот дом во петокот .
Петмината членови доцна синоќа ја добиле иницијативата. Поранешната претседателка на ова судско тело Весна Дамева, за медиумите изјави дека сè уште нема став, треба прво да ја анализира содржината.
Тања Чачарова Илиевска пак, со коментар дека поради обврските за денешната седница немала можност да ја разгледа добро иницијативата поради краткото време откако ја добиле.
Адвокатот Валентен Зафиров во гостување на телевизија 24 вели дека не очекува членовите сами да си дадат оставка. Според него потребни се реформи, но мора да биде искрена намерата на власта да се прави независно судство. Зафиров вели дека како што се менува владејачката гарнитура има промени во судството и обвинителството со свои луѓе.
Освен Дамева и Чачарова Илиевска интерпелација има и за Миљазим Мустафа кој претходно се изјасни дека не размислува да даде оставка, како и за Павлина Црвенковска и Селим Адеми.