„Дамар на слободата“ концерт во Македонската филхармонија
„Дамар на слободата“ е насловен концертот што ќе се одржи вечер во Македонската филхармонија на кој како солисти ќе настапат двајца македонски пијанисти – Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари. На програмата се „Свечена увертира“ од Дмитри Шостакович, Концертот за две пијана и оркестар во де-мол од Франсис Пуланк и „Енигма варијации“ од Едвард Елгар. Концертот ќе го води маестро Конрад ван Алфен од Холанија.