Дали „Златната мечка“ на Берлиналето е се’ поблиску до македонскиот „Господ постои, името и’ е Петрунија“?
Foto

Дали „Златната мечка“ на Берлиналето е се’ поблиску до македонскиот „Господ постои, името и’ е Петрунија“?

Филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се наоѓа на врвот на листата филмови кој го оценува жирито на „Скрин Медиа“ во Берлин. Со просечна оценка од 2,8, филмот на Митевска го дели врвот со филмот на Ванг Куанан, но се очекуваат уште два резултата, веројатноста е голема, филмот да се искачи на пиедесталот. На сите престижни фестивали, од рангот на Берлин, Венеција и Кан, „Скрин Медиа“ одбира 7 најдобри новинари-филмски критичари од светот кои заедно со уште еден филмски критичар од „Скрин Интернешанл“ ги оценуваат филмовите на скала од 0 до 4 . Инаку филмот кој што вчера имаше промоција на годинашниот 69. Берлински филмски фестивал е петтиот филм на Теона Стругар Митевска, и е во конкуренција за престижната Златна мечка. Ова е првпат македонски филм да учествува за награда на Берлинале.

По вонсерискиот успех на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски кој во 1994 го освои Златниот лав во Венеција, ова е прво учество на Македонија во конкуренцијата за награди на еден од трите најголеми фестивали во светот. Македонската кинематографија продолжува да ги освојува европската и светската мапа и да ја афирмираат државата.

Голем успех постигна и автентичниот Македонскиот документарец „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска кој освои три награди на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, меѓу кои и главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци. И најнаградуваниот режисер Милчо Мначевски за чии филмови се држат предавања на универзитетите во светот, ја доби наградата за кариера на меѓународниот филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија. Во негова чест на фестивалот се прикажа и ретроспектива со неговите филмови „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“.

Македонскате кинематографија за кратко време блесна, а филмските автори ги импресионираа светските критичари. По долга пауза, македонскиот филм самоуверено продолжи да чекори кон враќање на уметничките вредности со кои не ја оставаат рамнодушна домашната и светска публика.

0 Коментари

Остави коментари