Дали ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ќе инсистира за одржување на предвремени парламентарни избори?
Дали ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ќе инсистира за одржување на предвремени парламентарни избори? Кој е ставот на најголемата опозициска партија во однос на бугарските барања како услов за кревање на ветото за Македонија? Како ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на неколку бизнисмени кои тврдат дека лидер Мицкоски ги рекетира?
Ова се дел од прашањата на кои одговара во вечерашното издание на Трилинг потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска.
Трилинг со Горазд Чомовски почнува во 20.45, а во емисијата гостуваат и универзитетските професори Рубин Талески, Татјана Стојановска Иванова и Ана Фритцханд.