Дали влезот во НАТО ќе донесе економски придобивки?
Foto

Дали влезот во НАТО ќе донесе економски придобивки?

Раст на странските инвестиции, повеќе работни места, повисоки плати и поголема куповна моќ на населението. Ова се очекувањата на економските аналитичари во земјава по завршувањето на како што велат децениската сага со името. Но велат треба многу работа. Се ќе зависи и од тоа на кој начин владата ќе се справи со сопствените слабости и глобалните текови. Според експертите, со отворањето на евроинтеграциските процеси – конечно сега на ред е економијата.

„Со пристапувањето во НАТО, ќе имаме повеќе странски инвестиции, а за тоа пример е Албанија која има трипати поголем раст на инвестициите. Нема да имаме  инвестиции во економските зони за да се промовира ефтината работна рака, туку реални компании кои ќе бидат интегрирани во ланецот на снабдување.“ - вели Висар Адеми, економски аналитичар.

Но, треба многу работа, реформи но и политичка волја за промени. Дали Премиерот веќе ги лоцораше слабостите?! Вети дека целосно ќе се посвети на домашните задачи.

„Ова го очекувам од нашите министри и градоначалници. На сите нив и одговорните во јавната администрација им порачаувам, очекувам секој од вас да работи понапорно и поефикасно и пофокусирано. Имаме една заедничка цел да го направиме животот подобар за граѓаните.“ - вели Зоран Заев, премиер на РМ.

Премиерот очекува раст на економијата и од 4 насто. Нови инвестиции, пред се странски, во првиот квартал годинава, а првата ќе биде германска и веројатно ќе биде објавена до крајот на месецов. Според Заев, се лобира и за влез на голема инвестиција за која утрово разговарал со советникот на Мекел. Компанијата бара локација во регионот и тој се надева дека тоа ќе биде Македонија. Опозицијата пак обвини дека земјава ја чека економски крах.

„Истите лаги. Ќе имало пари, поголеми плати. Ќе имало автопати, днр, дн, бла, бла, празни муабети“ - изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Искуствата на земјите од регионот покажуваат сериозен раст на инвестициите и на економијата по влезот на земјите во НАТО и ЕУ. Но исто така постојат и опасности, како таа од одлив на мозоци, појава присутна во Бугарија и Хрватска. Факт е дека економски ефекти од решавањето на три деценискиот спор со името и отоврањето на портите кон НАТО ќе има, но се ќе зависи од сериозноста на пристапот кон реформите и тоа што ќе испорача Владата.

0 Коментари

Остави коментари