Дали вистински се вреднува работата на работникот?

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата.

Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата.

Анонимно сведоштво на текстилна работничка за условите под кои работела и третманот на сопственикот кон неа и кон работничките во емисијата „25 минути“.

Во емисијата меѓу другите гости говори и економистот Бранимир Јовановиќ од Виена за големите права на работниците во Австрија, но важно е да се апострофира за своите права работниците сами се избориле.