Дали унгарските 500 милиони евра заем ќе го намалат јавниот долг?
Унгарскиот кредит кој земјава утре и официјално ќе го земе, дополнително ќе го зголеми јавниот долг и нема да влијае на зголемувањето на бруто домашниот производ, смета Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Наспроти очекувањата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска дека 500-те милиони евра ќе донесат раст, а на среден рок земјава ќе го намалува јавниот долг и ќе до зголемува БДП, Јовановиќ вели дека намената на овие пари не е развојна.
Утре во Будимпешта, министерката Димитриеска Кочоска ќе го потпише договорот за кредит од 500 милиони евра, наменест за поддршката за македонскиот бизнис-сектор и за општинските проекти. Таа очекува веќе идната година буџетски дефицит не повиоск од 4 отсто и раст помеѓу 3,5 и 3,7 отсот. Од друга страна, најновите проекции на Виенскиот институт за меѓународни студии за земјава се дека долгот, кој со унгарскиот кредит ќе се зголеми на 68 проценти, во следните години ќе порасне над 70 отсто, а растот ќе биде помал од тоа што го очекува Владата.
Во исто време, кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтиг за земјава, што, според агенцијата, се должи на догогодишната политика на фиксен девизен курс и реформите поврзани со евроинтеграцијата. Половината милијарда евра од Унгарија кои земјава утре ќе ги потпише, се очекува на домашната буџетска сметка да стигнат до крајот на идната недела. Рокот за враќање е 15 години, со грејс период од три години. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти,