Дали политичкото насилство на Ердоган ќе го разбуди инаетот на Истанбул на локалните избори
Foto

Дали политичкото насилство на Ердоган ќе го разбуди инаетот на Истанбул на локалните избори

Речиси 10 милиони жителите на најголемиот турски град Истанбул повторно излегоа на гласање во обид да изберат градоначалник. Опозицискиот кандидат, Екрем Имаоглу ја извршуваше градоначалничката функција 18 дена, но по низата жалби од владеачката АКП, централната изборна комисија го поништи гласањето со образложение дека имало голем број на изборни нерегуларности. Имамоглу но и целата турска опозиција ваквата одлука ја нарекоа предавничка и го обвинија претседателот Реџеп Таип Ердоган дека извршил притисок врз членовите на комисијата. Во пресрет на гласањето,тој порача дека продолжува борбата за демократијата.

„Изборите кои се одржаа на 31-ви март беа кристално чисти. Во тоа нема никакво сомневање. Рекоа дека се украдени голем број на гласови. Но кој ги украде ? Не можете да кажете дека не знаете. Ова е големо обвинување а нема никаква основа за тоа.“ - изјави Екрем Имамоглу.

Неговиот противкандидат, членот на владеачката Партија на правдата и развојот и поранешен турски премиер, Бинали Јилдирим, ја обвини опозицијата дека е виновна за ситуацијата во која се наоѓа државата и дека е исправна одлуката на изборната комисија.

„Чудни работи се случија кога се пребројуваа гласовите. Имаше многу нерегуларности. централната изборна комисија направи добра проценка и одлучи повторно да има гласање.“ - изјави Бинали Јилдирим.

Жителите на истанбул се со поделени мислења. За едни, Имамоглу е надеж дека работите наскоро ќе се променат, други пак сметаат дека е исправна политиката на владеачката партија предводена од Ердоган.

„Како жител на Турција и млад образовен човек, го подржувам имамоглу бидејќи верувам дека неговите проекти имаат за цел да ги решат вистинските проблеми со кои се соочуваме.“ - вели Дениз Чаликиран.

„Јас се соочував со многу проблеми во периодот кога оние кои носеа марама поради верски причини не им беше дозволено да се образуваат. 20 години подоцна успеав да се образувам и да станам наставник. Тоа го дозволи АКП и нашиот претседател Ердоган.“ - вели Сема Акбас.

Денешното гласање следи откако резултатите од претходните избори, кои се одржаа на 31 март беа поништени. Тогаш со мало мнозинство победи кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу.

0 Коментари

Остави коментари