Дали политичките актери во изборната кампања, умешно ги избегнуваат обврските од изборниот законик?

Пукање со пиштоли, функционери со државни возила по партиски штабови – низа злоупотреби уште при стартот на изборните капмањи.

Полицијата веќе го расчистува случајот од вчера кога на отворање на изборен штаб на ДУИ во Чаир, беше пукано во воздух со огнено оружје. Во јавноста протече и видео на кое слушаат пукотници за време на говорот на пратеникот изет меџити .. На овој настан исто така присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и други кандидати од листата на советници на ДУИ.

Премиерот Заев денеска коментирајќи го инцидентот порача дека Демонстрацијата на сила и мускули и пукање во воздух е навистина недолично за земја аспирант за членство во ЕУ.

Министерот за животна средина Насер Нуредини пак беше снимен од страна на медиумите како со државно возило оди во партискиот штаб. Нуредини се правда дека во штабот пристигнал откако претходно имал министерски активности, но вели ако треба ќе понесе одговорност.

Власта пак уште пред официјалниот старт на кампањата тргна со пуштање во употреба на објекти заедно со кандидатите за градоначалници како и увиди на терен, а не изостанаа ниту лопатите и лентите.

Партиските митинзи го ставија во сенка и коронавирусот. Без маски и дистанца, гушкање и ракување – вакви се сликите од собирите на партиите, за што епидемиолозите предупредуваат дека митизните може да бидат епидемиолшка бомба и ги повикаа политичарите да се однесуваат одговорно.

До Државната комисија за спречување на корупцијата веќе пристигнале 21 пријава за злоупотреби на Изборниот законик и прекршување на изборните правила.

Според антикорупциска, политичките актери во изборната кампања, умешно ги избегнуваат обврските од Изборниот законик и се заобиколува изборната регулатива.