Дали победата на Макрон ќе донесе датум за Македонија во јуни?

Новиот петгодишен мандат за старо-новиот француски претседател Емануел Макрон ја смири Европа но дали ќе донесе и исчекор за Македонија во јуни? Додека паѓа довербата во ЕУ во регионот, дали ЕУ политичарите од декларативни изјави ќе преминат на конкретни чекори и дела? Ќе прифати ли Париз- Тирана сама да ги стартува преговорите и дали Елисејската Палата ќе испрати свои посредници во Софија и Скопје за решение на спорот.

Гостин во ЕВРОПАТ на ТВ 24 е францускиот амбасадор во Македонија - Сирил Бомгартнер.