Дали МПЦ доброволно се откажа од одлуките за афтокефалност?

Ден по влегувањето во канонско единство со СПЦ, поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј во четврток ќе одржат заедничка литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград. На литургијата ќе сослужуваат сите архијереји од двете цркви. Ова е првиот конкретен чекор откако вчера СПЦ ја врати МПЦ во канонско единство. Но, дилемата која се појави по вчерашното соопштение на српскиот Сабор за враќање на автономниот статус на МПЦ остана и денеска. 

Гости се Цане Мојановски поранешен претседател на Комисијата на верски заедници, професорот на УКИМ Зоран Матевски  и новинарот Бранко Ѓорѓиевски.