Дали македонските граѓани јадат контаминирани овошје и зеленчук?
Голема количина на портокали пропатувале од Египет во Македонија. Истите биле со ризик по здравјето на граѓаните, бидејќи имале присуство на пестициди кои не се дозволени и се штетни. Ова се информациите на ТВ 24. За да ја утврдиме веродостојноста потврда побаравме од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Директорот, Николче Бабовски ја потврди информацијата дека вчера имале позитивен резултат на портокали увезени од Египет. Пратката одма ја ставиле под надзор, дале можност на економскиот оператор да ги врати назад портокалите, доколку тоа не се направи портокалите ќе завршат на депонија но не и во промет по пазари и маркети.
„Со вчерашните резултати добиени за увоз на портокал од Египет тој е ставен под мониторинг не смее да влези во промет во никој случај. Единствено е дадена можноста, гледано од економски аспект, дали према увозникот, спрема економскиот оператор, дали ќе ја врати пратката назад потоа ќе си ги средуваат комерцијалните односи помеѓу со извозникот или доколку тоа не с еслучи ќе заврши на депонија и нештетноп ќе се отсстрани.“ - вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.
Краставица, млад кромид, пиперка и домат, кај овој вид на зеленчук било констатирано присуство на резидиум од пестициди. Количините коишто се откриени се над дозволените граници и се токсични по луѓето тврди Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ. Според Трипуновски, АХВ и МЗШВ свесно дозволиле и пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди а кое е опасно по здравјето на луѓето.
„АХВ наместо да признае вина и да понесе одговорност излегува со бледи соопштенија ВМРО-ДПМНЕ креатор на лажни вести, Цветан измислува и т.н. Ова пред мене е официјалниот извештај, тука с енаведени и пестицидите, и количината и продуктот кој што е испитуван. Едноставно е ова корпус-деликтит дека навистина има пестициди во зеленчукот и нашите граѓани без да бидат информирани од нивна страна веќе тоа сигурно го конзумирале и имаат ненакви последици. И она што е уште пострашно со ваквиот пропуст да овие пестициди се таложат во организмот и остануваат и можат да предизвикаат трајни последици, меѓутоа тоа сигурно со некој од медицинските лица ќе ви дообјасни пооширно на ова атема.“ - вели Цветан Трипуновски - претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ.
Точно е дека е дека има детекториан реизидум од пестициди кај зеленчукот за кој зборува Трипуновски, но не е точно дека тој зеленчук е дозволен во промет, маркети, пазари и на трпезите од граѓаните, дециден е директорот на АХВ, Ноколче Бабовски.
„Во одредени пратки, значи ние направивме 63 испитувања на пратките според мониторинг програмата кој што се внесуваат во државата. Од тие 26 се однесуваат на тие фамозни домати од каде што почна целата оваа сага и нема ниту еден позитивен резултат, имаме точно позитивни резултати кај една пратка на краставици и една пратка на пиперки тоа е што се однесува на увозот. Не се стигнати на пазарот не може да стигнат. Нема шанси бидејќи економските опратори имаат две можности или да ги врати во земјата на потекло, доколкку се согласи државата да с евратат таму или да ги однесе во депонија и нештетно да се отстранат. Не само во овој случај, при секоја една пратка на прехранбен производ истата е процедурата, законот е еднаков за сите и подеднакво важи а ова што е од одредени пазари каде што нашите инспектори по веќе востановена програма за овој период на годината за засилен надзор нас не ни требаше прес на било која партија за да си ја работиме работата.“ - вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.
Покрај за увезените производи одговор побаравме од АХВ и за домашното производство дали е безбедно за конзумирање.
„Контролирано е затоа има и позитивни резултати и таа роба е одма нештетно отстранета. Така да, граѓаните да бидат мирни. Бидејќи и моите деца ја конзумираат исто така ја конзумираат таа храна.' - вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.
Од МЗШВ велат дека се додека со лабараториски наод не се потврди безбедноста, пратките со храна, вклучително и со зеленчук, се ставаат под официјален надзор. Истите не смее и не се пуштат во промет пред да се добие задоволителен резултат за нив. Во случај на незадоволителен резултат пратката се поништува или се враќа во земјата на потекло.