Дали, кој и кога може да му стави крај на говорот на омраза?
Foto

Дали, кој и кога може да му стави крај на говорот на омраза?

Диви орди, хистерични лидери на партии, небањати вмро-овци, комуњари, северџани, патриоти и предавници. Поделбата на ваши и наши кои едни на други секојдневно си се честат со што е моно полоши епитети. Во секојдневниот говор не изостануваат ниту желбите за пропаст, линч, па дури и смрт. Ниту разорниот коронавирус не успева да го разбуди човечкото во нас. Што го тера човек на човека да му е волк? Од каде извира злото? Дали, кој и кога може да му стави крај на говорот на омраза? Може ли разумот да ја надвладее страста?

Гости во 24 анализа се Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ и комуникологот Сеад Џигал.

0 Коментари

Остави коментари