Дали и како најновите американски санкции против “Лукоил” ќе влијаат и врз Македонија
Санкциите кои САД ги воведе кон руските нафтени компании, нема да влијаат врз снабдувањето со нафтени деривати во земјава, но истите ќе предизвикаат промени врз берзанските цени. Ова е одговорот на Регулаторната комисија за енергетика откако синоќа САД одлучи да воведоа санкции за руските компании „Роснефт“ и „Лукоил“.
Од Регулаторна велат дека над 80% од увезената нафта е од Грција. Но, санкциите ќе влијаат врз берзанските цени оти заедно со курсот на доларот се земаат во предвид при формирање на малопродажната цената на нафтените деривати.
Регулаторна комисија за енергетика
- Согласно Годишниот извештај на РКЕ за 2024 година трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, го вршеле увозот на нафтените деривати во земјава од 11 држави, при што најмногу нафтени деривати биле увезени од соседните држави и тоа: од Грција 85,98%, од Бугарија 10,49%, Албанија 2,27%, Србија 0,96%, Црна Гора 0,15%, Романија 0,09% и мал процент на увоз од други земји.
Лукоил во земјава е дел од Балканска меѓурегионална група на компании. Врши продажба на големо и мало на нафтени деривати, а во Македонија е присутна од 2005 година со над 40 бензински станици. Како санкциите ќе влијаат врз домашната економија, но и врз компанијата Лукоил владата ќе даде одговор наредната недела.
Влада
- Во овој момент меѓуинституционално се анализира ваквата одлука. Какви би биле ефектите истата, ќе информираме во текот на следната недела.
Официјално Софија веќе информираше за американските санкции.
Најголемата нафтена компанија „Лукоил Нефточим“ е дел од системот ‘Лукоил Русија‘, кој поседува повеќе од 50 проценти од рускиот ‘Лукоил‘, па затоа рафинеријата подлежи на овие санкции изјави “, бугарскиот премиер Росен Жељазков. Бугарија мора да донесе одлука до 21 ноември, но рафинеријата која долго време не работи со руска нафта мора да продолжи да работи, дополни Жељазков.
Санкциите предизвикаа внимание и во Србија, каде што „Лукоил“ е втор најголем синџир Тамошните експерти велат дека санкциите индиректно ќе ја отежнат положбата и на „Нафтената индустрија Србија“ која делумно е во руска сопственост. Од „Лукоил Србија“ соопштија дека компанијата моментално работи нормално, без ограничувања во снабдувањето, транспортот или плаќањата.
Во меѓувреме Кина - клучниот стратешки партнер на Русија и го сврте грбот. Четири големи државни кинески нафтени компании повеќе не купуваат руска нафта по море како одговор на новите американски санкции.

